423
Најмалку седум лица беа убиени при протестите против покачувањето на цените на горивото, што беа одржани во Порт о Пренс во Хаити.
Демонстрантите опожаруваа автомобили, кршеа продавници и палеа автомобилски пневматици.
При протестите, демонстрантите го нападнаа и хотелот „Бест вестерн премиер“.
Владата одлучи да ја суспендира одлуката за покачувањето на цените на горивото.
Премиерот на Хаити Џек Ги Лафонтан, претходно наведе дека е неопходно да се зголемат цените на горивото со цел да се усогласи буџетот и не даваше никакви знаци дека ќе се откаже од тоа, но неговата Влада ја повлече одлуката откако во главниот град на Хаити избија протести.