Почна извлекувањето на децата во Тајланд, операцијата ќе трае два до три дена

by fokus

Започна операцијата за спасување на 12-те деца и нивниот тренер кои се заглавени во една пештера во Тајланд.

Локалниот кризен центар соопшти дека операцијата ќе трае две до три дена.

– Тие ќе бидат извлекувани еден по еден и тоа ќе трае два до три дена, наведе еден од раководителите на кризниот центар.

Како што јави МИА, децата, на возраст од 11 до 16 години, кои беа сместени во еден фудбалски камп, и нивниот тренер заминале на разгледување на пештерата на 23 јуни, меѓутоа обилните монсунски дождови предизвикаа поплавување на пештерата и тие останаа заглавени во неа.

На еден искусен нуркач за пристап до местото на кое се наоѓаат децата и ваќање назад, му се потребни 11 часа. Рутата е долга неколку километри и минува низ матна застоена вода, тесни канали, скали и други препреки. На некои места видливоста во водата е речиси нула.

Поврзани новости