Седницата за извештајот на СЈО продолжува утре, Јанева нема да присуствува

by fokus

Откако специјалната јавна обвинителка ја напушти седницата Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, претседателот Влатко Ѓорчев ја презакажа за утре во 12 часот.

Јанева по четири дена одговарање на пратенички прашања, ја напушти денешната седницата и рече дека ќе дојде кога Собранието ќе закаже пленарна седница за извештајот на СЈО.

-Ова веќе е класичен мобинг, јас повеќе не си доаѓам, ќе се појавам само на пленарна седница, рече Јанева.

Претходно, таа ја ислуша пратеничката Владанка Авировиќ, чие поставување на прашања се претвори во говор од речиси два часа.

Поврзани новости