519
Собраниската седница за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски беше прекината, откако тоа го побара Илија Димовски кој рече дека поради верскиот празник Петар и Павле голем дел од неговите колеги пратеници „треба да одат на слави, имендени и прослави“.
-Продолжуваме утре во 11 часот, но, ова како пракса не се трудете да го користите од утре па натаму – рече Џафери и ја прекина седницата.
Таа требаше да трае до 19 наместо до 18 часот затоа што претходно, координаторот на втората пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски побара еден час пауза за на пратениците да им се поделат стенограми од обраќањето на Зврлевски во Собранието.