Лажниот барок не стигнал до внатрешноста на судот: Напукнатите ѕидови ќе се срушат врз обвинетите!

by fokus

Јавноста денес, освен што имаше можност да ги види фотографиите од ексминистерот Владимир Пешевски, кој пред Апелациониот Суд се правдаше дека е угледен човек кој многу направил за државата, и се шокирал од обвиненијата на СЈО, имаше можност и да посведочи дека лажниот барок не стигнал во просториите на судот.

Огромните пукнатини на ѕидовите, позади кои стоеше Пешевски со неговата адвокатка, не можеа да не влезат во око, посебно кога се работи за установа од овој вид.

Фотографии со напукнатиот ѕид, кој што изгледа како да ќе се сруши секој момент, осамнаа и во позадина на обвинетиот Љупчо Георгиевски, обвинет во предметот на СЈО ,,Траекторија’’ за проневерени 156 милиони евра државни пари, од изградбата на кинеските автопати.

На социјалните мрежи веќе се постираат шеги на сметка на состојбата во судот, а загрижени граѓани коментираат дека обвинетите може да изгинат од небезбедните ѕидови, без да го дочекаат крајот на судењето.

Вики Клинчарова

Поврзани новости