Половина час откако беше закажана, почна седницата за предлог-законот за јавно обвинителство и за предлог-измените на Законот за Советот на јавни обвинители.
Тензично, со довикувања и аплаузи тече седницата на која партиите се надмудруваат кој сака да ги одложи изборите. На почетокот на седницата пратеничката од Независната пратеничка група, Емилија Александрова му забележа на собранискиот спикер, Талат Џафери зошто пред седницата не биле повикани на координација и побара пауза од 15 минути. Но Џафер не даде пауза, и рече дека отсега се ќе објаснува јавно за да не се манипулира со неговите изјави и за да не биде тој крив.
Тој обајсни дека ги повикал партиите кои имале меѓусебни дилеми, но Александрова тврди дека за сите дилеми треба да бидат изестени сите пратеници бидејќи сите гласаат или не гласаат.
По оваа забелешка почнаа обвинувањата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кој сака да ги одложи изборите.
Јован Митревски од СДСМ порача дека ако треба ќе работат 24 часа за да ги донесат законите пред да се распушти Собранието. А координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски со слика од пратеникот Александар Кирацовски и Бојан Јовановски и со порака дека поради тоа не сакаат да одат на избори.
-Кој ве спречуваше да ги завршите овие закони, се плашите да излезете на избори, бидејќи ги знаете анкетите, порача Мицевски.
Законот за јавно обвинителство ги доведе во прашање изборите и владејачката коалиција откако вчера ДУИ и СДСМ си разменија остри пораки.