Седница во 23:30 часот, избори на 5 јуни?

by Фокус

Европратеничката тројка Вајгл, Ховит и Кукан ја заврши средбата со претставници на ВМРО-ДПМНЕ, на која не присуствуваше партискиот лидер Никола Груевски. Европратениците не дадоа изјави, само рекоа дека наскоро ќе има соопштение.

Според извори на Телма, собраниската седница на која треба да се повлече одлуката за распуштање на Собранието ќе се одржи во 23:30, односно само половина час пред крајниот рок. Според извори на телевизијата, се разговара за петти јуни како датум за избори. СДСМ го прифаќа овој датум, а за возврат бара ВМРО-ДПМНЕ веднаш да го прифати предлогот на Питер Ванхојте за регулација на медиумите.

Поврзани новости