Седница во 12 часот, за реизбор на Џафери се потпишале и Изет Меџити и Арбен Зибери

by Fokus

За денеска во 12 часот е закажано продолжението на собраниската конститутивна седница, соопштија од собраниските служби.

На продолжението, досегашниот прв човек на Собранието, Талат Џафери, треба повторно да биде избран за претседател на законодавниот дом.

Предлогот за избор на Џафери е поднесен во Собранието со потписи од сите 62 пратеника од парламентарното мнозиинство што го сочинуваат СДСМ и Коалицијата „Можеме“ со Беса, ДУИ и ДПА.

Претседателот на Собранието се избира со најмалку 61 глас од вкупниот број пратеници.

Тоа значи дека и двајцата пратеници од ДУИ, Изет Меџити и Арбен Зибери, се потпишале на предлогот за избор на Џафери.

 

Поврзани новости