Сеад Кочан во прединфарктна состојба заврши на Клиниката за кардиологија

by Fokus

Бизнисменот Сеад Кочан, кој од СЈО беше осомничен во случајот „Труст“вчера во прединфарктна состојба завршил на скопската Клиника за кардиологија, информираат лекари од клиникaта за „Фокус“.

Според нивните тврдења, Кочан бил донесен во лоша здравствена состојба и како што дознаваме му бил вграден стент.

„Фокус“ се потруди да стапи во контакт со директорот на Клиниката за кардиологија, Сашко Кедев, но тој не одговораше на нашите телефонски повици.

Бизнисменот Кочан веќе два месеци е во бегство, откако претходно му беше одредена мерка притвор. Кривичниот совет, составен од судијките Моника Бахчовановска, Сафија Лаличиќ и Љубинка Башевска ќе одлучуваат дали тој ќе оди во притвор, откако Врховниот суд во петокот ги укина решенијата на кривичниот совет и Аплеациониот суд според кои Кочан требаше да биде во притвор.

 

 

 

 

Поврзани новости