Сеад Кочан останува во затвор, Врховен суд ја потврди одлуката на Апелација за “Труст”

by fokus 13:39
13:39

Бизнисменот Сеад Кочан останува во затвор, бидејќи Врховниот суд ја потврди одлуката на Апелација за случајот “Труст”.

-Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на 23 септември 2020 година, одлучи по предметот заведен под КВП2бр.114/19, коj е оформен по поднесени барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, поднесени од бранителите на осудениот Сеад Кочан од Скопје.

- Advertising -

Со донесената пресуда Врховниот суд на Република Северна Македонија поднесените барања на осудениот ги одби како неосновани и ја потврди пресудата на Апелациониот суд Скопје, информираат од Врховниот суд.

Бизнисменот веќе една година е во затвор, каде што издржува затворска казна од 4 години и 8 месеци за предметот “Труст” на СЈО.

В.В.

Поврзани новости