Бизнисменот Сеад Кочан утрово беше на распит во Специјалното јавно обвинителство, јави, Нова ТВ.
Придружуван од неговиот адвокат, Никола Додевски, првосомничениот во случајот „Труст“ за прв пат се појави во СЈО. По излегувањето од обвинителството на прашање на НОВА ТВ: Каде бевте на „службен пат“, Кочан не одговори ништо. Молчешкум, заедно со Додевски, тие си заминаа од СЈО.
Сеад Кочан два месеци беше во бегство откако Кривичниот совет на Кривичниот суд му одреди притвор како првоосомничен во случајот „Труст, затоа што со фалсификувани документи добил тендер од ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.
Откако Врховиот суд го укина решението за притвор, Кочан експресно се врати во земјава, и веднаш беше хоспитализиран на Клиниката за кардиологија, каде му бил вграден стент.
Кочан сега се брани од слобода, и даде гаранција од 875.000 евра дека ќе биде достапен на органите на прогонот.