Се знае од каде се пратени мејловите за лажните дојави за бомби, вели Спасовски

by Fokus

Министерот за внатрешни работи на Македонија, Оливер Спасовски во гостувањето вечерва во „Вин Вин“ на Телма кажа дека дојавите за поставени бомби во скопските училишта се грозен чин и веројатно дел од хибридни напади.

„Ќе се анализираат причините и ќе дознаеме зошто се тие закани. Дали се политички, геостратешки или бизнис. Ги знаеме мејловите, знаеме од каде се пратени. Ги знаеме точните податоци и работиме за да дојдеме до сторителот“, кажа Спасовски.

Поврзани новости