Се жалел на болки во стомакот, лекарите од него извадиле 3 килограми шрафови и клучеви

by Fokus

Бизарна приказна е снимена во иранскиот град Ахваз, каде 37-годишен маж се појавил во локална болница со силни болки.

Тој се пожалил на хронични заболувања, гадење и повраќање, па лекарите му наредиле бројни тестови, но и рендген.

На видеото се гледа како „метална маса“ блокира дел од желудникот, предизвикувајќи неподнослива болка и нагон на повраќање.

Случајот е документиран во медицинско списание, а лекарите заклучиле дека пациентот голтал метал најмалку три месеци, пишува Daily Mail.

Морале да го оперираат, а од стомакот му биле извадени над 450 предмети, како завртки, навртки, клучеви… Вкупната тежина била неверојатни 3 килограми.

Пациентот бил задржан на лекување и оздравел, но во меѓувреме му била констатирана психоза.

Оваа состојба може да има форма на халуцинации, или да доведе до заблуди за реалниот свет, збунето и бизарно размислување.

И покрај големото количество метални предмети, пациентот не претрпел долгорочни здравствени последици.

Поврзани новости