448
Клуч на уште четири операциони сали во градската општа болница „8-ми Септември, објави телевизија 24. Дополнително поради недостаток на медицински персонал болницата ќе го намали приемот на пациенти и обемот на работа.
Од раководството велат дека болницата е претрупана со работа и персоналот бара користење на годишните одмори. Во спротивно најавуваат протести доколку не се изнајде решение за нови вработувања.
Болницата побарала одобрување од министерството за здравство за прием на нови кадри, но досега немаат добиено повратен одговор. Вчера болницата стави клуч на Одделенијата за пулмологија со ендокринологија и општа и ургентна хирургија, а за денеска беше најавено и затворање на 4 операциони сали