1.1K
Граничниот премин Прохор Пчински од утре од 7.00 часот ќе биде зтаворен за патници и возила, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
Ова следува согласно препораките на српската влада за справување со корона вирусот, а една од од нив е меѓународниот патнички сообраќај да се пренасочува на главните гранични премини и привремено да се затворат 44 помали и повремени гранични премини.
-Поради тоа сите патници и возила од нашиот граничен премин Пелинце ќе се пренасочуваат на Заедничкиот граничен премин Табановце-Прешево, објаснуваат од МВР.