Се запалило возило среде бензиска пумпа

by Фокус

Вчера попладне на бензиска пумпа во Скопје настанал пожар во патничко моторно возило „Форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Ѓ (60) од Скопје.

„Г.Ѓ. го сопрела возилото на бензинската пумпа со цел да стави гориво, но откако повторно го стартувала возилото почнал да се шири чад од под хаубата, по што побарала помош од вработените на бензинската, кои веднаш почнале да го гасат пожарот со противпожарни апарати, а набргу дошла и екипа од Противпожарна заштита и во 15 часот пожарот е изгаснат“, стои во полицискиот билтен.

Поврзани новости