Владата на СДСМ го наследила Миладиновци-Штип со 24 асвалтирани бандери и два слепи натпатници

by Фокус

Автопатската делница Миладиновци – Штип требаше да биде завршена во мај 2017 година, но кога ние ја преземавме власта во јуни истата година неговата реализација беше само 55 отсто, вели директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов во интервју за телевизијата 1 ТВ. Китанов посочи дека остатокот од 45 отсто го завршиле за околу една година, кога се соочиле со низа проблеми.

-Дваесет и четири далекуводи имаше на патот, ни ги оставија асвалтирани. Вака далноводи стоеја на цел автопат и ова се тие готови патишта што ние ги кочиме и нејќеме да да ги пуштаме. Со добра организација и соработка со ЕВН ги изместивме сите далекуводи и почнавме со изграба на почеток на април 2018 и до нова година патот беше завршен – рече Китанов.

Тој најавува дека автопатот ќе биде пуштен во употреба на средината на следната недела, откако ќе бидат поставени последните парчиња од заштитната мрежа.

-Во декември добиваме писмо од изведувачот Синохидро дека патот е готов и може да се пушти во употреба, но гледаме дека најмалку 25 отсто од безбедноста мрежа фали. Во проектот ја има, во предмет-пресметките ја има, но во договорот со Синохидро ја нема мрежата. Тука е проблемот и доаѓаат со ситуација како да ја изградите. Влеговте во преговори, земавме цена која најниска на друг пат, по што надзорот даде налог и изведувачот почна да ја изведува – истакна Китанов.

Директорот на ЈП за државни патишта вели дека во истиот период се соочиле уште проблеми со два слепи натпатници и со водоводна линија.

-На две места на патот ќе има времен режим на сообраќај. Кај Свети Николе има проектирано слеп натпатник. Десно има населени куќи, ниви, но ги немало во ДУП-от и немало обврска тие да се поврзат. Правевме препроектирање како да ги приклучиме тие луѓе, кои во меѓувреме ги легализирале куќите. И кај Кадрифаково има проектирано слеп завршеток и таму наново се препроектираше како натпатникот да се приклучи на локалните патишта. Третиот проблем е што не се третирани водоводните цевки од Злетовица, кои патот ги сечел – истакна Китанов.

Поврзани новости