Се запали автомобил во движење кај Хиподром

by Fokus

Вчера во 03,34 часот во Единицата за информирање и команда А.З. пријавил дека околу 03.00 часот додека се движел по автопатот Велес – Скопје, во близина на клучка „Хиподром“ со патничко моторно возило „Пежо 206“ со струмички регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од Струмица, забележал дека возилото ја губи погонската сила, по што застанал.

Од клима уредот и моторот возилото почнало да чади и потоа се запалило, при што изгорело во пределот на моторот и внатрешноста.

Од страна на Бригадата за противпожарна заштита со едно противпожаено возило пожарот е изгаснат.

Поврзани новости