329
Автобус кој патувал на релација Гостивар – Кичево се запалил утрово кај Стража, нема повредени патници, потврдија од Министерството за внатрешни работи за МИА.
„Денеска во 11:20 часот во СВР Тетово пријавено е дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево, на околу три километри пред месноста Стража, настанал пожар во автобус кој се движел кон Кичево“, велат од МВР.
Според информациите од МВР, нема повредени патници во автобусот кој се движел од Гостивар кон Кичево
од МВР додаваат дека на терен веднаш биле испрати полициски тим од Гостивар, како и екипа од гостиварската Територијална противпожарна единица.