Се заканувал дека ќе постави бомба во трговскиот центар во Струмица, за време на Струмичкиот карневал

by Fokus

Се заканувал дека ќе постави бомба во трговскиот центар во Струмица, за време на Струмичкиот карневал, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во периодот од 18 до 23 часот од СВР-Струмица било извршено вонредно обезбедување на културната манифестација “Струмички карневал 2019“. Околу 18 часот во дежурната служба во СВР-Струмица, Т.У. (32) од Кочани пријавил дека ќе биде поставена експлозивна направа во трговски центар во Струмица.

По пријавата било постапено од Одделот за антитероризам и по преземените мерки констатирано било дека се работи за лажна пријава.

Поврзани новости