Се вршат тестирања за коронавирус на едно лице на Инфективна клиника

by fokus
Министерството за здравство вечерва извести дека се вршат тестирања за коронавирус на едно лице на Инфективната клиника. Пациентот денеска се вратил од Милано.
-Ја информираме јавноста дека во моментов на Инфективната клиника во Скопје се врши тестирање на корона вирус на едно лице со симптоми на грип. Пациентот има лесна клиничка слика, нема покачена телесна температура и неговата состојба е стабилна. Се работи за лице кое денеска со попладневниот лет од Милано пристигнало во Скопје. Патникот поминал низ термалната камера, која кај него не дијагностицирала симптоматологија на болест. И самиот пациент, првите симптоми ги почувствувал по доаѓањето дома, по што се јавил на Инфективната клиника во Скопје и бил примен во 22:00 часот. Од неговото пристигнување на клиниката, пациентот е ставен во изолација, а во моментов кај него се прават тестови согласно утврдениот протокол. Резултатите се очекуваат во следните два часа, за што веднаш ќе ја известиме јавноста, велат од Министерството.

 

Поврзани новости