Лицето кое беше тестирано нема коронавирус

by fokus

Министерството за здравство доцна вечерва информираше дека резултатите за лицето кое беше тестирано за коронавирус се негативни.

-Информираме дека се негативни на коронавирус резултатите на пациентот кој вечерва беше тестиран на Инфективната клиника во Скопје. Будно ја следиме состојбата и во континуитет постапуваме по препораките на Светската здравствена организација, а од денеска Министерството за здравство го подигна степенот на подготвеност на највисоко ниво. Се формира Кризен штаб во рамките на Министерството, а на сила стапија и нови зајакнати мерки за превенција од и справување со евентуални заболени од коронавирус, соопштија од Министерството.

Поврзани новости