391
Еден убиен и еден тешко ранет е епилогот на крвавата семејната драма која утрово се случи во кумановската населба „Дива населба“. Косовскиот државјанин кој долги години живеел во Швајцарија, околу 11.20 часот дошол во семејната куќа на неговата поранешна сопруга. го убил нејзиниот 71 годишен татко, а го ранил нејзиниот брат.
По убиството, сега осомничениот побегнал и по него се трага. Ранетиот бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје и се наоѓа во критична состојба.
Соседите раскажуваат дека семејството на убиениот не било во добри односи со поранешниот зет. Тој откако се развел од ќерката на убиениот, останал да живее во Швајцарија, а таа заедно со детето се вратила да живее во Куманово.