Се вратија телефонските линии и интернетот во Газа, илјадници луѓе насилно влегоа во складиштата за храна и лекови

by Fokus

Полека се враќаат телефонските линии и интернетот во Газа, по повеќе од еден ден речиси целосно прекинување на комуникациите, откако Израел го интензивираше своето бомбардирање на територијата и започна голема копнена операција во која беа вклучени тенкови и војници.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека ова е „втора фаза“ од „долгата и тешката“ војна со Хамас.

Илјадници луѓе во Газа насилно влегоа во складиштата за храна и лекови што е „загрижувачки знак дека граѓанскиот поредок почнува да се урива“, велат ОН.

Луѓето се исплашени, фрустрирани и очајни. Тензиите и стравот се влошуваат со прекините на телефоните и интернет комуникациските линии“, соопштија од UNRWA.

Во меѓувреме, израелската армија повторно нападна стотици позиции на Хамас, соопштија денеска ИДФ, додека ги интензивираат своите копнени операции во Газа. Борбени авиони бомбардираа повеќе од 450 цели во текот на изминатиот ден, вклучувајќи командни центри, набљудувачки пунктови и лансирни рампи за противтенковски ракети.

Поврзани новости