Се враќаат жештините, повторно температури до 40 степени

by Fokus

Жештините се вратија, од УХМР информираат дека и денес времето ќе биде сончево и топло. Попладне ќе има зголемена облачност и краткотраен пороен дожд и грмежи, но тоа нема да ја намали температурата, која ќе достигне до 38 степени. УВ идексот ќе биде 8.

Во Скопје, времето ќе биде без промени со максимална температура до 37 степени.

Во наредните денови од УХМР велат дека времето ќе биде уште потопло. Дневните температури ќе бидат во пораст, на некои делови од државата ќе надминуваат 40 степени.

Поврзани новости