Се воведува полициски час во Солун

by fokus

Грција утре воведува полициски час во Солун и забрана за музика во угостителските објекти, откако  бројот на ковид-случаи во северна Грција се зголемил.

Министерството за цивилна заштита објави дека во Солун и поширокиот регион, како и во соседниот регион Халкидики и во градот Лариса, ограничувањата од 4 -ти степен ќе бидат една недела на сила почнувајќи од 1 октомври.

Грција минатата година ја помина првата фаза на пандемијата подобро од многу други земји, но оваа година бележи зголемување на бројот на случаи.

Во Грција, денеска се регистрирани 2.232 нови инфекции и 33 смртни случаи, со што вкупниот број на случаи од почетокот на пандемијата се искачил на 655.767, а смртните случаи на 14.828.

Поврзани новости