Се вештачат мобилните телефони на осомничените од „Јавна соба“

by Fokus

По приведувањето на четворицата осомничени во случајот „Јавна соба“, се вештачат нивните мобилни телефони, пренесува ТВ 24.

Секторот за компјутерски криминал во МВР ја истражува содржината и бараат докази какви фотографии, видеа поседуваат дали меѓу нив има порнографски материјали за малолетнички.

– Во тек е вештачењето, очекуваме повеќе информации за случајот кога ќе заврши оваа процедура. – велат од МВР.

Двајца битолчани, велешанец и штипјанец се дома по разговорот во полициска станица пред три дена. Но истрагата допрва ќе се развива. Доказите водат и до Македонец кој сега живее во Малта.

Поврзани новости