Хрватска најави одложување на пописот

by Fokus

Голема е веројатноста Хрватска да го одложи пописот на населението, што треба да се одржи од 1 април до 7 мај, а причината за тоа е кризата со корона вирусот. Ова го најави координаторот за пописот во Државниот завод за статистика (ДЗС) Дамир Плесац, кој кажа дека одложувањето ќе биде на неколку месеци.

„Точниот термин на пописот ќе се одреди согласно епидемиолошката ситуација во земјата“, изјави Плесац за телевизијата „Н1“.

Поврзани новости