Се усогласуваат смените во МВР, нема потпис само за советникот на Јанкулоска

by fokus

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев и дополнителната заменичка Петровска усогласиле 11 промени на раководни лица во МВР, но не и за прв човек на СВР Скопје, Ристо Ставревски, советникот на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Заменик министерката во МВР, Славјанка Петровска не ја потпишала одлуката за назначување на Ристо Ставревски бидејќи Ставревски се слушна во „бомбите“ во разговор со министерката како врши притисоци врз гласачи. Тони Јакимовски е дополнителен заменик-началник на СВР Скопје.

Иако замненик министеркта не стави потпис сепак Ставревски најверојатно ќе го замени Тони Јакимовски кој ќе биде дополнителениот заменик-началник на СВР Скопје.

Неофицијално, потписи за именување на началниците и нивните дополнителни заменици, што се прави согласно Законот за Влада, а во услови кога со земјата управува техничка Влада, сто дена пред избори, Чулев и Петровска ставиле за началниците и дополнителните заменици на СВР Охрид, Штип, Битола, Велес, Струмица, Одделот во Прилеп, но и за раководните позиции на Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди, Одделот за специјални полициски операции во БЈБ, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во БЈБ, на Единицата за интервентна полиција во СВР Скопје, како и за командатот на единица за специјални задачи во Оддел за специјални полициски операции во БЈБ.

Илија Милески е именуван за началник на СВР Охрид, а Сашо Смилески за дополнителен заменик-началник, Александар Николов е именуван за началник на СВР Штип, а Марјан Коцев за дополнителен заменик началник. Андреј Василевски ќе ја извршува функцијата началник на СВР Битола, а Славко Јовановски дополнителен заменик началник на овој Сектор. Трајче Георгиоски ќе биде началник на Одделот за внатрешни работи Прилеп во СВР Битола, а Игор Каравилоски дополнителен заменик началник.

Игор Ангеловски е нов началник на СВР Велес, а Злате Јаневски дополнителен заменик началник. Васил Тодоров е именувани за началник на СВР Струмица, а Танчо Пројковски за дополнителен заменик началник на овој Сектор.

Филип Филиповски ќе биде помошник на министерот на Одделот за внатрешна контрола криминилистички истраги и професионални стандарди, Дејан Андонов дополнителен заменик помошник во овој Оддел. Сашо Зенговски ќе биде началник на Одделот за специјални полициски операции во БЈБ, а Бранко Трајановски дополнителен заменик началник на овој Оддел.

Ивица Бисовски се именува на работно место командант на единица за специјални задачи во Одделот за специјални полициски операции во БЈБ, а Митко Таневски за дополнителен заменик командант во истиот Оддел. Александар Јанев се именува за началник на Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во БЈБ, а Лазо Велковски се именува за дополнителен заменик началник во овој Оддел.

Васко Наумовски ќе биде началник на Единицата за интервентна полиција во СВР Скопје во БЈБ, а Примислав Димовски дополнителен заменик началник во оваа Единица.Покрај усогласувањето за СВР Скопје, на Чулев му остануваат уште три можности за смени на раководни позици. Две од нив извесно е дека ќе се однесуваат на началничките места во СВР Тетово и СВР Куманово, додека третата според неофицијални информации ќе биде на секторот за комуникации.

Поврзани новости