Државните службеници, како и учесниците во судските постапки треба повеќе да внимаваат на тоа како се однесуваат на социјалните мрежи. Сите институции имаат Кодекси на однесување според кои службениците може да бидат и казнети. Но, дали овие правилници може да се злоупотребат за пресметка со неистомислениците?
Казна од 2.000 евра му беше изречена на адвокатот Асмир Алиспахиќ поради „навреда на Судот“. Казната е поради статус кој адвокатот во објави на Фејсбук, а истиот гласеше:
„SWAROVSKI СОФИЈА ЛАЛИЧИЌ ДНО ОД СУДИЈА. Под итно РАЗРЕШУВАЊЕ“
Сепак, казната на Алиспахиќ беше поништена откако тој поднесе жалба. Сега разрешената судијка Лаличиќ го тужи адвокатот за навреда и клевета.
Прво беше мојата жалба на казната, потоа произлезе нејината тужба до Основен граѓански суд, па моето барање за разрешеување до Судски совет кое се покажа основано и таа беше разрешена поради несовесно постапување како судија, објаснува Алиспахиќ.
Во однос на тужбата за навреда и клевета таа се уште е во тек. Откако Основниот суд пресудил дека има навреда и клевета, адвокатот се жалел до Апелација, која го вратила предметот на повторно одлучување.
Инаку, Лаличиќ беше разрешена по претставката поднесена од Алиспахиќ поради казната за Фејсбук статусот. Тогаш Лаличиќ изјави дека причината за разрешувањето е бенигна работа и таквата одлука е срам за Судскиот совет.
Алиспахиќ смета дека сите учесници во судските постапки треба да имаат право да го изразат своето мислење и на социјалните мрежи.
Мојот став е апсолутно ливерален во поглед на изразување на лично мислење, но се до границите каде што не претставува било какво омаловажување или навредување. Тоа значи дека не само адвокатите, туку било кој вклучен во судската власт не треба да биде ограничен во изразување на сопственото мислење на социјалните мрежи, смета Алиспахиќ.
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК
К.С.Б.