Се урна мал авион на Алпите, тројца загинати меѓу кои и бебе

by fokus

Мал авион се урнал и запалил над планинскиот премин Симплон во швајцарските Алпи, а притоа три лица, од кои едно е новороденче, ги загубиле животите, објави на својот официјален сајт локалната полиција.

Според надлежните швајцарски агенции во кантонот Вале, едномоторниот авион од типот „Piper“ полетал од аеродромот во околу 9 часот утрото по локално време, и се упатил кон Италија. Час и половина по плетувањето станало јасно дека авионот се урнал, а потоа било утврдено дека по падот леталото се запалило.

„Службите за итни случаи брзо пристигнаа на местото на настанот во близина на италијанската граница, каде ја констатирале смртта на пилото и двајца патници: возрасно лице и дете“, се истакнува во полициското соопштение.

Идентификацијата на жртвите е во тек, и засега не е позната нивната националност, се додава.

Причината за несреќата засега не е позната, а швајцарските власти отвориле истрага. Очевидец на несреќата, кој со своето сепејство бил на излет во областа, изјавил за локалните медиуми дека одеднаш слушнал две силни експлозии.

Поврзани новости