Се удавија 58 мигранти кај брегот Мавританија, на бродот имало и деца

by fokus

Најмалку 58 мигранти се удавиле откако брод што превезувал околу 150 мигранти од Гамбија потонал крај брегот на Мавританија, соопшти денеска Агенцијата за миграција на ОН (ИОМ).

Властите на Мавританија соопштија дека 58 мигранти загинале, а преживеани посочиле дека бродот ја напуштил Гамбија минатата среда.

Преживеаните исто така кажале дека имало жени и деца во бродот, како и дека 83 лица успеале да допливаат до брегот.

Поврзани новости