Се судриле три „голфа“ и едно „југо“ на патот Куманово-Скопје

by fokus

На регионалниот пат Куманово-Скопје вчера се судриле четири возила, од кои три марка „голф“, а едно марка „југо“. Сообраќајната несреќа се случила околу 17.30 часот. „Југото“ било со скопски регистерски таблици, два „голфа“ со кумановски, додека еден „голф“ со странски.

„По незгодата со возило на Итна медицинска помош во Клиничката болница во Куманово биле пренесени сопатник од патничко моторно возило “Голф“ К.Н. и сопатник од патничко моторно возило “Југо“ С.Р. и од страна на лекар кај К.Н. констатирани биле тешки телесни повреди, а кај С.Р. констатирани биле телесни повреди. За укажување на лекарска помош се јавиле и возачот А.Н. и уште двајца сопатници во истото возило, како и возачот Б.Р. и кај истите од страна на лекар биле констатирани телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на СВР-Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот“, велат од полицијата.

Поврзани новости