Се судрија полициски автомобил и тротинет, девојка пренесена во болница

by Фокус

Девојка е повредена и пренесена во болница откако дојде до судир на полициско возило и тротинет што таа го управувала.

„Денеска во 13 часот во Скопје на ул.Пере Тошев се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило марка шевролет калос, сопственост на МВР и тротинет, управуван од Б.Б.(20) од Скопје. По несреќата Б.Б. била пренесена во Градската општа болница Св.Наум Охридски каде од лекар и биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди“, информира МВР.

Поврзани новости