103
МВР информира дека вчера утрината во 08:10 часот, на крстосницата од улиците „15 корпус“ и „Живко Чинго“ во Охрид, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале мопед „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Н.А.(66) и мопед „ханглонг“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Д.М.(71), двајцата од Охрид.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобил Н.А., констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото на несреќата изврши екипа на СВР Охрид.