95
МВР информира дека синоќа во 21:12 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Јане Сандански“ во Охрид, патничко возило „хјундаи“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(74) удрило во пешакот М.Т.(84), двајцата од Охрид.
При тоа, М.Т. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото на несреќата изврши екипа на СВР Охрид.