399
Три лица се степале вчера околу 18.00 часот на бензиска пумба на булеварот “Борис Трајковски“. Случајот бил пријавен во полиција како нарушување на јавниот ред и мир.
Тепачката настанала помеѓу В.Г.(27) и М.З.(21) од една страна и М.Ј.(36) од друга страна. Имено додека М.Ј. точел гориво во неговото возило позади него се паркирало друго возило управувано од В.Г. и меѓу нив дошло до недоразбирање околу точењето на гориво и поместувањето на возилата. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци.