Се степаа јатрви во радовишко – едната заврши во болница, другата во станица

by irena 13:56
13:56

МВР информира дека синоќа во 19:10 часот во село Сулдурци, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш ја лишија од слобода А.К.(38) од истото село.

Според пријавеното, таа во 17:18 часот отишла во дворното место на нејзината јатрва П.К.(46) во село Сулдурци и физички ја нападнала, удирајќи ја со остар предмет во пределот на главата.

П.К. била пренесена во Медицински центар Штип, каде и е констатирана телесна повреда, а А.К. е задржана во Полициската станица Радовиш.

Запознаен е јавен обвинител, по чии насоки, по целосно документирање на случајот против А.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични вести