200
МВР информира дека вчера утрото во 07:50 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на регионалниот пат Богданци – Гевгелија, помеѓу крстосниците за селата Ѓавато и Богородица, гевгелиско, патничко возило „форд фиеста“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Х.И.(18) од Гевгелија, излетало од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди неговиот сопатник П.Ч.(18) од Гевгелија, констатирани во Јавна здравствена установа Гевгелија.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гевгелија.