691
Фудбалерите на Вардар еден час пред полноќ пристигнаа на скопскиот плоштад, каде што беа пречекани од неколку навивачите, со кои заедно уште еднаш го прославија триумфот во баражот против Скопје (3-0) во Кавадарци и враќањето во Првата лига.
Фудбалерите од двокатниот автобус со отворен кров и верните Комити во еден глас пееја заедно, а убедливо најсилно ечеше песната „Има само еден клуб, Вардар и никој друг“.
Вардар се врати во ПМФЛ по две години во второлигашкото друштво.
извор: sport1.mk, gol.mk