Реал по 11. пат европски кошаркарски шампион

by fokus

Кошаркарите на Реал Мадрид вечерва во Каунас го победија Олимпијакос со 79:78 и по 11-ти пат се искачи на европскиот трон.

Финалето на Евролигата беше неизвесно до самиот крај. Реал во последната минута со серија од 5:0 од негатива од четири поени дојде до триумф. Во завршницата Серхио Родригез постигна тројка, а потоа на 3,2 секунди пред крајот Серхио Љуљ ги постигна своите први поени кои се покажаа решавачки. Грчкиот тим преку Костас Слукас не го реализира последниот напад.

Саша Везенков со 29 поени беше најефикасен во поразениот тим, воедно и на натпреварот. Родригез кај Реал се истакна со 15 поени и девет асистенции.

Претходно во текот на денот во натпреварот за 3. место, Монако ја победи Барселона со 78:66. Најефикасен играч на натпреварот беше Никола Миротиќ од Барселона со 15 поени. Кошаркарот на Монако, Метју Стразел постигна 14 поени.

Поврзани новости