374
Утрово се сечеа дрвата во паркчето позади Собранието, а од град Скопје демантираа дека станувало збор за сеча.
-Во текот на изминативе денови, во силното невреме и поројните дождови, на повеќе локации во Скопје се скршија поголем број гранки од дрвјата коишто предизвикаа голема материјална штета, така што и во конкретниов случај станува збор за отстранување на паднати и искршени дрвја, велат од град Скопје.
Инаку, паркчето позади собрание сега е пренаменето во градежна парцела на која треба да се изгради катна гаража.