Бошкоски дојде на судење, „Ровер“ повторно одложен

by fokus

За прв пат откако е на слобода, Љубе Бошкоски денеска се појави на закажаното рочиште за случајот „Ровер“, но судењето повторно се одложи. Причина за одложувањето беше неприсуството на  обвинетиот Гоце Митровски, кој, како што кажа неговиот адвокат, бил на погреб на свој близок роднина во Битола.

Судењето за „Ровер“ се одложува веќе неколку месеци, секогаш поради отсуство на некој од обвинетите.

Судијата го закажа следното рочиште за 12 септември, а судијата  Илија Трпков рече дека за идното рочиште ќе побара известување од Министерството за внатрешни работи за достапноста на првите четворица обвинети кои се недостапни за македонските органи на прогонот уште од почетокот на судењето.

Поврзани новости