1K
Групата „Бесплатен Н.П. Пелистер“ преку својата Фејсбук страна алармираше дека без никакво образложение се сече ендемски вид дрво молика во Национален парк Пелистер. Тие објавија и слика од исечените молики.
-Локацијата на последната слика е околу 200 метри над хотел ’Молика’ по земјениот пат. Се уште немаме сознанија за други дрва да се исечени освен прикажаните на сликата, но поради загриженоста и поради претходниот пат, сметаме дека граѓаните имаат право да бидат информирани. Управата на Национален Парк Пелистер е должна да излезе со официјален став околу сечата на дрва“, велат за Радио МОФ од „Бесплатен Н.П. Пелистер“.