Се санира патот до излетничкото место Три круши

by fokus

Градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, заедно со претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ, изврши увид во градежните работи за санација на патот кој води кон месноста Три круши.

– Во моментов се работи на санација на патот во должина од 660 метри, а со оваа реконструкција на два крака кои водат до куќите на жителите во овој дел од населбата, поставени се павер елементи во должина од 220 метри. На патот ќе се постават и 23 столба за светилки. По завршувањето на работните активности, граѓаните полесно и безбедно ќе стигаат до своите домови и до познатото излетничко место Три круши, соопшти Општина Кисела Вода. 

Поврзани новости