„Климатските бегалци“ немаат право на азил во Германија

by fokus

Оние што ги напуштаат матичните земји како резултат на климатските промени, немаат право да побараат  азил или заштита за бегалци во Германија, соопшти Владата на таа земја, пренесува ДПА.

– Постои врска помеѓу климатските промени, миграцијата и барањето засолниште, но оваа врска сè уште не е доволно разгледана, изјави денеска портпаролот на германското Министерство за внатрешни работи.

– Повеќето студии индицираат дека промените во животната средина се предизвикувачи, но не се меѓу главните причина за миграција, рече тој.

Коментарите доаѓаат откако тело за човековите права при ОН донесе „историска“ одлука дека правото на азил не треба да им биде одземено на климатските бегалци доколку нивните животи се во опасност.

Поврзани новости