528
На излезот од градот Сомбор кон Суботица, пронајдено е телото на 40-годишниот Б.Ј., припадник на Полициското одделение Сомбор, известуваат српските медиуми.
Најверојатно се работи за самоубиство, извршено со службен пиштол кој бил пронајден покрај телото, пренесува српски Курир.
Од извори блиски до истрагата српските медиуми известуваат дека човекот оставил проштално писмо. Веднаш штом го пронашла, неговата сопруга ја известила полицијата која веднаш тргнала во потрага по нивниот колега, но не успеале да му го спасат животот.
Б.Ј. зад себе ги оставил сопругата и четирите деца.