Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во тунелот на патеката Ф1 во Монте Карло

by Fokus

Три лица загинаа денеска во сообраќајна несреќа во тунелот „Луј Втори“ во Монте Карло, на патеката по која се движат болидите на Формула за време на Гран-при трките, соопшти Кнежеството Монако.

Од засега непозната причина едно возило удрило во бетонски ѕид на работ од тунелот и потоа се запалило.

Густиот чад се проширил и кон соседните згради, се вели во соопштението, а помош од итната помош добиле десетина жители.

Новата трка во Формула 1 за Големата награда на Монако, со патека долга 3,3 километри која минува низ срцето на Монте Карло и низ тој тунел, е закажана за 28 мај.

Поврзани новости