Се распаѓа пратеничката група на Река

by fokus

Пратеникот Јоргос Амирас го најави заминувањето од пратеничката група на Река поради несогласувањето со партиската линија во однос на Договорот од Преспа и веќе е независен пратеник.

-Не можев да постапам поинаку кога во следните денови ќе требаше како претставник на пратеничката група на партијата јавно да говорам во името на партијата во која водечките членови имаат спротивна позиција од мојата лична позиција за едно важно национално прашање, вели Амирас во писмената изјава.

Со неговото заминување и по бришењето на Спирос Данелис од Река, пратеничката група на партијата останува со четири пратеници.

Според Деловникот на грчкиот Парламент, пратеничка група формира партијата која што по изборите има најмалку пет пратеници.

Поврзани новости