Се преврте автобус кај Кочани, шестмина повредени

by Fokus

Автобус се преврте попладнево околу 15 часот на влезот на Кочани кај хотел „Национал“ и заврши во отвор покрај железничката пруга. Според првичните информации, повредени се шест лица и итно се префрлени во Општата болница во Кочани.

Автобусот возел на релацијата Штип – Кочани и во моментот на несреќата немало поголем број патници. Неофицијално, возачот на автобусот се обидел да избегне возило што му го попречило патот, по што поради влажниот коловоз излетал од патот.

- Advertisements -

Увид во несреќата прави истражен судија, а сообраќајната полиција ги пропушта возилата наизменично.

Поврзани новости